24-годишно момче со терминален канцер објаснува што е навистина вредно во животот

24-годишно момче со терминален канцер објаснува што е навистина вредно во животот
5.06.19   22:59

Прочитано : 1,217

Print This Article

24-годишно момче кому му бил дијагностициран терминален канцер на Редит сподели совети за тоа што, од перспектива на човек кому му останално многу кратко време, е навистина вредно во животот.

Имам само 24 години и веќе си ја одбрав последната кравата. Ова е краватата која ќе ја носам на мојот погреб за неколку месеци не одговара со костумот, но за приликата е совршена.

Дијагнозата ја открив многу доцна, предоцна за дури и да имам и неоснована надеж дека ќе имам долг живот, но сфатив дека најважното околу умирањето е да бидете сигурни дека светот, со своето присуство тука, сте го направиле малку поубав. Начинот на кој живеев, моето постоење, односно крајот на моето постоење, нема да промени ништо бидеќи навистина немам направено ништо посебно значајно.

Претходно, многу нешта ми ги окупираа мислите. Кога открив колку време ми останува, ми стана јасно што е навистина важно. Па, ова ви го пишувам од себични причини. Со споделувањето на ова, сакам да му дадам смисла на мојот живот:

 

-Не си го трошете времето на работа во која не уживате. Јасно е дека не можете да постигнете успех во нешто кое не го сакате. Трпение, страст и посветеност се појавуваат лесно кога си ја сакате работата.

-Глупаво е да биете уплашени од туѓото мислење. Стравот ве слабее и парализира. Ако му дозволите, ќе станува полошо и полошо се додека еден ден од вас не остане ништо повеќе од празна лушпа. Слушајте си го внатрешниот глас и следете го. Некој можеби ќе мисли дека сте луд, но за некој друг ќе бидете легенда.

-Имајте контрола врз својот живот и бидете одговорни за она што ви се слуува. Намалете со лошите навики и обидете се да водите поздрав живот. Најдете спорт кој ве прави среќни. Најважно од се, не одолговлекувајте. Нека животот ви биде обликуван од одлуките кои сте ги донеле, не од оние кои сте ги пропуштиле.

-Ценете ги луѓето околу себе. Пријателите и роднините се бескраен извор на сила и љубов. Поради тоа не ги земајте здраво за готово.

-Тешко ми е целосно да ги изразам чувствата за тоа зошто сметам дека овие едноставни заклучоци се толку важни, но се надвам дека ќе послушате некој кој директно искусил колку битно е времето кое ви простанува.

-Не сум вознемирен затоа што кон крајот почнав да чувствувам каков знаење има еден живот. Жалам што нема да видам некои кул нешта кои ќе се случат наскоро како вештачката интелигенција или некаков неверојатен проект на Елон Маск. Исто така се надевам дека војните во Сирија и Украина ќе завршат што поскоро.

-Толку се грижиме за здравјето и интегритетот на своето тело што не забележуваме дека телото не е ништо повеќе од кутија – место каде што ги чуваме нашите мисли, верувања и намери. Ако во таа кутија нема ништо што може да го промени светот, тогаш не е страшно ако исчезне.  Верувам дека сите имаме потенцијал, но потребна е голема храброст за тој потенцијал да се реализира.

-Можете да лебдите низ различни околности, испуштајќи ден по ден, час по час. Или да се борите за она во кое верувате и да ја создадете приказната за вашиот живот. Се надевам дека ќе го направите вистинскиот избор.

-Оставете трага во светот. Имајте богат живот, што и да значи тоа за вас. Целете кон тоа. Местото што го напуштаме е прекрасно игралиште каде се е возможно. Сепак, не сме тука засекогаш. Нашиот живот е краток блесок на оваа прекрасна мала планета која со неверојатна брзина се движи кон бескрајната темнина на универзумот. Уживајте во своето време со многу страст. Направете го интересно. Нека вреди.

Ви благодарам

 

 

Извор: boredpanda
превод: Лени Фрчкоска

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести