2.000 евра казнет газдата на Воденица за „кастрењето“ дрвја на „Народен фронт“

2.000 евра казнет газдата на Воденица за „кастрењето“ дрвја на „Народен фронт“
23.08.19   13:20

Прочитано : 3,244

Print This Article

2.000 евра казна му биле изречени на приватен сопственик на парцелата на улицата „Народен Фронт“ во Скопје, за кастрење дрвја спротивно на добиената дозвола, велат од Градот. Откако на социјалните мрежи, почна да се шири видео во кое се гледаат искасапани дрвја, комуналните инспектори излегле на терен каде ги сопреле активностите и напишале казна.

„Казните зависат и варираат во однос на секој случај, каде условите на терен се посебни. Во конкретниов случај, приватниот сопственик на парцелата на која се наоѓаат дрвата му е изречена казна во висина од 2.000 евра, која истиот ја плати“, стои во одговорот на Град Скопје до Радио МОФ.

Претходно, на Фејсбук беше објавена видео-снимка од случајот, која потоа беше споделена од Фејсбук страната на Инспекторатот на Град Скопје. На снимката се гледаат неколку дрвја кои излегуваат од една тенда, а нивните крошни се целосно искастрени. Дозволата која ја добиле од Градот била за „кастрење на дрва и гранки (кроење на крошни).“

  Категории: