1ТВ во живо од Брисел – неизвесни изборите за ЕП, се прогнозира победа на Социјалдемократите во Холандија

1ТВ во живо од Брисел – неизвесни изборите за ЕП, се прогнозира победа на Социјалдемократите во Холандија
24.05.19   21:04

Прочитано : 655

Print This Article
борјан

На најизвесните избори во историјата на ЕП, ако утрото го најавува денот, според сите прогнози, холандските социјалдемократи на Франс Тимерманс ја однесоа победата пред либералите на премиерот Марк Руте, но уште поважно, екстремната десница за која се предвидуваше дека ќе биде прва, заврши на четврто место. Сепак е рано да се каже како ќе гласаат 28-те земји членки, каде што популистите, евроскептиците и крајната десница ја чекаат шансата за историски успех. Од поединечните гласања во секоја од европските држави ќе зависи процесот на проширување на ЕУ. Од Брисел на оваа тема известуваше уредникот Борјан Јовановски.

-Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс наспроти сите прогнози го освои првото место оставајќи ги зад него либералите на премиерот Руте, но и најважно и екстремните десничари кои иако се предвидуваше дека ќе бидат први завршија на четвртото место. Добра вест за нас кои го чекаме исходот од овие избори за да видиме каква ќе биде судбината на процесот на проширувањето е што Холанѓанецот Тимерманс е кандидат на европските социјалисти за претседател на Европската комисија, па оваа голема победа му ги зголемува шансите да дојде до врвот на комисијата каде сега е потпретседател, рече Јовановски.

  Категории: