1ТВ тема: Собрание со најмногу осомничени пратеници – гостин Тито Петковски

1ТВ тема: Собрание со најмногу осомничени пратеници – гостин Тито Петковски
22.02.19   21:08

Прочитано : 289

Print This Article
тито111

Досега не сме имале собраниски состав со толку многу обвинети пратеници за корупција и криминал, за  терористичко загрозување на уставниот поредок, за прв пат осомничен претседател на Собранието. Како дојдовме до овој стадиум, и како се стекна негативниот имиџ?

Гостин во Отворено Студио 1 беше Тито Петковски, политичар и поранешен претседател на Собранието на Република Македонија, според кого сегашниот парламент не е ни приближна слика на она што на почетокот на деведесетите беше цел на тогашните пратеници – Законодавен дом на граѓаните на државава.

– Нешто чудно се случува во Македонија. Првиот парламентарен состав мислам дека беше најубавиот процес во развојот на македонскиот плурализам. Се носеа крупни одлуки и природно беше да се прават компромиси и се носеа одлуки прифатливи за мнозинството граѓани. Пратениците беа свесни дека учествуваат во нешто важно и историско. Македонската парламентарна демократија треба да напредува, и тоа требаше да продуцира многу повисока демократска свест.

– И наместо да зрее политичката култура ние имавме процес на наметнување на лични и политички ставови. Почнавме да делуваме по принципот на тајфа и се одалечивме од граѓаните. Пратениците почнаа да бидат претставници на политичките партии а не на граѓаните.

Според Петковски се почесто е влијанието на партијата врз пратениците, наместо од оние од кои што се избрани – граѓаните.

– Постои политичко партиски бич, и мора да го почитуваат раководството, а не граѓаните. И за сметка на квалитетот се форсираше полтронство и лојалност – надвор од пропишаните вредности. Почна да расте непотизмот, корупцијата, додава Петковски.

Во Законодавниот дом се случи црниот понеделник, кој за ВМРО-ДПМНЕ беше бел понеделни кога со физичка сила и тепање ја исфрлија опозицијата од собранието, а вториот е крвавиот четворток, кој за истата партија е патриотски чин, а за Петковски само ја уназадија и така тогаш лошата слика за Македонија.

– Тоа се трагични моменти за државата и нејзиното легитимирање пред цивилизираниот свет кој остави траги црни пред светот. Амбициите беа да не се дозволи конститурирање на собранието и формирање на нова влада. Постоеше опасност Македонија да биде претворена во руина од држава, и опасност од судир помеѓу граѓаните.

Целиот разговор со Тито Петковски во кој се говори и за претстојните претседателски избори, цензусот, и  погледнете го во видеото:

  Категории: