1ТВ разговор: Што се случува во соседна Албанија?

1ТВ разговор: Што се случува во соседна Албанија?
15.04.19   23:22

Прочитано : 216

Print This Article

Ситуацијата во Албанија последниов период е тензична. Протести речиси секој ден ја потресуваат политичката сцена кај нашиот сосед. На оваа тема гости во Отвореното Студио 1 беа новинарот и дипломат Махи Несими и колегата новинар Дејан Андоновиќ.

„Без оглед што последните месеци во Албанија политичката сцена е доста жешка тешко е да се даде реална слика што се случува таму со оглед на тоа што сето ова има подолг историјат. Имаше редовни протести од 1996 –  скоро секоја опозиција има протести против власта.

И сегашните се производ на политиката и плурализмот. Двете партии ги имаат создадено милитантните групи кои на почетокот им служеа за добивање на поддршка. Секој за својата партија. Полека полека, подржувани од владејачките структури станаа моќни, па истите почнаа да се бават со криминал. Кога партија ги поддржувала своите и ја изгубила власта, другата партија ги носи своите. Така што криминалните групи кои се создадени од политиката, покрај тоа што луѓето протестираат покрај лошото владение, имате и милитанти кои сакаат да профитираат од поддршката кон опозицијата. Така што тешко е да се дефинира што фактички се случува.

Според Андонович една од причините на сегашната состојба во Албанија е подвоеноста на тамошното општество.

„На западниот Балкан секаде политичките структури се тука некаде со поддршката. Општеството е поделено и оттаму силата кој и да е во позиција доколку излезе ги полни улиците.

Целиот разговор со Несими и Андоновиќ погледнете го во видеото:

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести