1ТВ дебата: Како да се искорени говорот на омраза меѓу навивачките групи во Македонија?

1ТВ дебата: Како да се искорени говорот на омраза меѓу навивачките групи во Македонија?
8.11.18   10:21

Прочитано : 85

Print This Article
loading...
loading...

Ширење говор на омраза, националистички пароли, недолично однесување и вулгарни пораки , натаму се на менито на навивачките групи во Македонија.

Изминатиот викенд Тетово беше во центарот на вниманието откако приврзаниците на ФК Шкендија, популарните „Балисти“ дефилираа низ градот со класичен говор на омраза врз база на национална припадност, а исто така употребија физичка сили врз кафуле, каде присутни беа гости од македонска националност. Сето ова „Балистите“ го приредија ден по јубилејната 30-годишна прослава на Војводи, навивачите на ФК Тетекс.

Веднаш во акција се фрлија од МВР, кои во соработка со СВР Тетово, организираа состанок со припадници од двете навивачки групи, на кој договорија мерки за во иднина се спречат таквите инциденти. Сепак, до помирување на односите меѓу „Војводите“ и „Балистите“ тешко ќе се дојде, ако судиме според соопштението на навивачите на ФК Тетекс. Сите овие детали, во врска со темата „говор на омраза меѓу навивачките групи“ во отвореното студио 1 со проф. Д-р Иван Анастасовски.