(ВИДЕО) 1ТВ дебата: Каде оди Македонија со уставните промени?

(ВИДЕО) 1ТВ дебата: Каде оди Македонија со уставните промени?
23.10.18   14:10

Прочитано : 281

Print This Article
loading...
Petkovski i Dimitrov

Разрешницата во ВМРО-ДПМНЕ не се случува толку на брзина како што изгледа, смета лидерот на НСДП Тито Петковски. Според него ако биле сигурни во поддршката на граѓаните, ќе се одважеле да гласаат на референдумот, наместо да се кријат зад негласачи и зад сомнителна група како Единствена Македонија.

-Ако беа сигурни дека граѓаните стојат зад политиката на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одважеа и ќе гласаа „против“. Но беа свесни дека тоа нема да се случи и тоа што не се случи тогаш, се случува денес. И мислам дека тоа не е лошо, вели Петковски и додава дека не е сигурен на каде ќе се движи партијата, но ова отвора перспективи и им дава можност на граѓаните да согледаат дека митот за монолитна партија со војничка дисциплина всушност бил авторитарно водење.

Министерот за надворешни Никола Димитров смета дека најдобро за земјава ќе беше сите чесно да гласаат на референдумот – ќе имаше излезност и ќе имаше позитивна одлука, а поглавјето ќе се затвореше без отворени рани.

-Има постојано една, можеме да ја наречеме „нечесност, илузија, несоочување со реалноста“. Созревањето на Македонија, во голем дел во контекст на политичката криза на неказнивост, во 2015/2016 и првата половина од 2017 година ни овозможи да се соочиме со реалноста. Ако сакаме во ЕУ и во НАТО, треба да седиме со сите нивни држави-членки на маса. Една од нив е нашиот сосед. Треба да ја убедиме дека е и во нивен интерес да бидеме на таа маса, да се спријателиме и да ги надминеме проблемите, вели Димитров и додава дека решението што го поздравил целиот свет по 27 години барање, но раководството на опозицијата упорно изнесуваше конфликтна позиција, „за“ НАТО и ЕУ, но „против“ договорот, однесувајќи се неодговорно во однос и на референдумот и на гласањето во Собранието.

Петковски смета дека во наредните фази процесот ќе продолжи без преголеми драми, бидејќи, откако Мицкоски го изгубил кредибилитетот дека ќе издејствува амнестија и слобода за обвинетите за 27 април, партијата го доживува второто внатрешно раслојување. Сепак, како што вели, ова отвора процес Собранието да води политика според очекувањата на граѓаните и очекува многу пратеници кои се колебале за уставните промени, да го сфатат историскиот момент за Македонија. Ова, вели Петковски, е и лекција за раководството на ВМРО-ДПМНЕ што ќе ги ограничи неговите деструктивни активности.

-Ова не се должи на различни политички програми и идеолошки провиниенции меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Главната причина зошто ВМРО-ДПМНЕ не прифаќаше промена на името е плашејќи се за идентитетот на партијата. Идентитетот на партијата го кренаа над националниот идентитет и знаат дека Договорот, ако се имплементира и дефинитивно се ратификува и од грчка страна, ќе значи релативизација на ВМРО-ДПМНЕ, вели Петковски.

-Мислам дека сме во фаза кога ќе мора на друг мегдан да ги реорганизираме нашите политички сили во земјава, кој е попрагматичен, кој е покреативен, кој е повреден, кој е почесен, кој е попрогресивен… ќе видиме. Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ не може со радикализација да не го изгуби членството, ако соопштенијата им личат опасно блиски со тие на една држава којашто не крие дека не сака Македонија да влезе во НАТО, којашто ги користи и своите ставови па вели дека две третини од граѓаните на Македонија гласаа против, вели Димитров.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести