10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста
16.05.19   16:16

Прочитано : 408

Print This Article

Низ историјата се појавиле многу скулптори чии дела го издржале тестот на времето. Можеби ги цениме поради нивната способност да создадат навистина реалистични фигури, а можеби пак ни се допаѓа тоа што ги поместуваат границите и ги надминуваат сите очекувања. Без разлика на нивниот стил, следниве 10 скулптори ги создале најпрепознатливите дела во западната историја на уметноста.

 

 

1. Праксител (4-ти век п.н.е.)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Иако е тешко да се дознае нешто повеќе за големите вајари од древна Грција, едно име го издржало тестот на времето. Праксител станал синоним за вајарството од древна Грција. Ниту една од неговите оригинални статуи не преживеала, но знаеме за неговите дела благодарение на римските копии од оригиналите. Неговото најпознато дел е „Афродита од Книд“, скулптура која е прв пример за гола женска фигура во природна големина. Ова дело со векови имало големо влијание врз претставувањето на женското тело преку вајарство.

 

 

2. Донатело (1386 – 1466)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Италијанскиот скулптор Донатело дал голем придонес во уметноста од италијанската ренесанса. Воглавно работел во Фиренца и голем дел од неговите творби се наоѓаат во овој град. Неговата бронзена статуа „Давид“ означила значителна промена во уметноста и почетокот на ренесансното вајарство. Неверојатниот реализам на дрвената скулптура од Марија Магдалена само покажува дека Донатело навистина бил пред неговото време.

 

 

3. Микеланџело (1475 – 1564)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Иако најчесто е поврзуван со цртањето фрески, Микеланџело најмногу сакал да прави скулптури. Тој верувал дека секое парче мермер содржи уметничко дело кое само чека да биде откриено. Иконската скулптура „Давид“ останува траен симбол на италијанската ренесанса и до денес ги инспирира уметниците. Микеланџело бил навистина посветен на неговата работа и творел сè до неговата смрт на 88 години.

4. Џан Лоренцо Бернини (1598 – 1680)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Можеби ниту еден уметник не го дефинира барокот како Бернини, чија импресивна кариера траела речиси 70 години. Како дете гениј, Бернини создавал големи мермерни скулптури уште кога бил тинејџер. Подоцна станал архитект во базиликата Свети Петар и го создал иконскиот плоштад пред базиликата. Бернини бил познат по неговата неверојатна способност да создаде движење и да ги долови емоциите со неговите дела. Со неговите раце, мермерот се претворал во меко месо кое изгледа толку реално, што ќе сакате да го допрете.

5. Огист Роден (1840 – 1917)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Францускиот скулптор Роден се смета за личноста која го донела вајарството во модерниот свет. Тој е еден од најпрепознатливите уметници во светот на вајарството, а „Мислителот“ е дело што го знаат сите. Огист е познат по неговата способност да ги замени реализмот и декорацијата со текстура, површински детали и светлина и сенки, со цел да прикаже емоција. Неговиот фокус на внатрешните емоции и страдањето е пресвртна точка во историјата на уметноста и е како белег на модернизмот.

6. Константин Бранкуши (1876 – 1957)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

 

 

Како еден од највлијателните скулптори на 20-тиот век, Бранкуши бил пионер на модернизмот. Романскиот уметник бил под големо влијание од фолклорните традиции, но барал инспирација и во културите надвор од Европа. Неговите скулптури се познати по нивните чисти геометриски линии, кои се очигледни во неговиот серијал „Птица во просторот“. Бранкуши создавал и извонредни скулптури на отворено, а „Бескраен столб“ е едно од трите дела што ги направил во чест на романските херои од Втората светска војна.

7. Алберто Џакомети (1901 – 1966)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

 

 

Шведскиот скулптор Алберто е можеби најпознат по неговите тенки и издолжени фигури. Нивната груба текстура им овозможува на гледачите да ја видат силата на скулпторот, кој истовремено сликал и правел принтови. Во период од 6 години, почнувајќи во 1938-ма година, Џакомети се фокусирал на мали скулптури и секое дело не било повисоко од 6,9 центиметри. Неговите дела се поврзуваат со егзистенцијализмот и човечката состојба, а многумина сметаат дека издолжените фигури го претставуваат недостатокот од значење во животот во 20-тиот век.

8. Хенри Мур (1898 – 1986)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

 

 

Најпознат по неговите полуапстрактни јавни скулптури, англискиот уметник Хенри Мур е најпознатиот поствоен уметник во Британија и пошироко. Неговите дела најчесто ја обработуваат темата мајка и дете. Скулптурите на Мур често се поделени на неколку делови, но чистите линии му овозможуваат на гледачите да ја забележат фигурата во апстрактната форма.

9. Сол Левит (1928 – 2007)

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Познат како основач на минимализмот и концептуализмот, Сол се истакнал во доцните 60-ти. Американскиот артист повеќе сакал да го користи терминот структури наместо скулптури. Бил заинтересиран за модуларни скулптури, најчесто со форма на квадрат, а голем дел од неговите дела претставуваат наредени цилиндрични блокови. Подоцна почнал да внесува и кривилинеарни форми и интензивни бои, нешто сосема поразлично од неговите претходни дела. Левит е исто познат и по неговите мурали и архитектонските проекти.

10. Луиза Буржуа

10-те најголеми скулптори што ја променија историјата на уметноста

Најпозната по нејзините јавни уметнички инсталации, француско-американската скулпторка Луиза го привлече вниманието на јавноста во 1982-ра година, откако Музејот за модерна уметност ја направи првата ретроспектива за неа. Дотогаш таа веќе била во нејзините 70-ти и уживала во нејзината кариера. Црпејќи инспирација од нејзините животни искуства, делата на Луиза често истражуваат теми како семејство, сексуалност и смрт. Во 1990-тите, Луиза почнала да го користи пајакот како симбол за нејзината уметност. Нејзината најпозната скулптура „Мама“ е дел од 6 бронзени скулптури и е со височина од над 9 метри. Делото е ода за нејзината мајка која умрела додека таа била мала и ја претставува нејзината сила и заштита.

извор

  Категории: