10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се

10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се
11.07.18   14:54

Прочитано : 389

Print This Article
loading...
loading...

Гејшите се еден од најпознатите симболи од јапонската култура. Но многу често луѓето сметаат дека се само проститутки кои го покриваат нивното лице со бела боја. Сепак, ова не е вистина. Гејшите не се проститутки, не го покривале нивното лице со бела боја и некој период воопшто не биле ни жени.

1. Првите гејши биле мажи

10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се

Првата женска гејша се појавила во 1751-ва година и кога почнала да работи, идејата жена да биде гејша им била чудна на многумина. Мажите гејши веќе постоеле стотици години. Не биле нарекувани гејши до 1600-тите, но идејата постоела повеќе од 500 години. Од 13-тиот век постојат мажи кои го правеле она што го прават гејшите – ги забавувале богатите мажи служејќи им чај, свирејќи и пеејќи, кажувајќи шеги… До 1600-тите овие мажи почнале да се нарекуваат гејши и работеле во бордели. Дури во 1800-тите почнале да се прославуваат женските гејши.

2. Гејшите не биле проститутки

10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се

Без разлика што сте слушнале, гејшите не ги продавале своите тела. Впрочем, строго им било забрането да спијат со нивните клиенти. Нивната задача била да ги забавуваат гостите додека чекале ред за вистинските проститутки. Тие свиреле, танцувале и флертувале со мажите. Им дозволувале на мажите да се замислуваат како моќни луѓе кои заведуваат убави жени, а не како очајни кои плаќаат за секс. Гејшите не спиеле со никого, а некои бордели им забранувале да седат преблиску до клиентите. Тие биле особено горди на ова и во 19-тиот век го смислиле мотото: „Ние продаваме уметност, не тела.“

3. Зборот гејша значи уметник

10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се

Зборот е комбинација од зборовите уметност и дете, или поедноставен превод – уметник. Гејшите напорно работеле на нивните уметнички таленти. Со часови учеле да свират и да танцуваат. Без разлика на возраста, од секоја гејша се очекувало секојдневно да вежба на нејзиниот инструмент. Повеќето свиреле на жичниот инструмент самизен, а некои пишувале и нивна музика. Почнувале со учење уште на 6-годишна возраст. Тие имале посебни училишта за уметност и образувањето траело со години. Една девојка поминувала најмалку 5 години во учење пред да може да се нарече гејша.

4. Проститутките се нарекувале гејши за да привлечат Американци

10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се

Има причина зошто многумина мислат дека гејшите се проститутки. Кога американската војска била во Јапонија на крајот на Втората светска војна, војниците често користеле услуги од проститутки. Проститутките им кажувале дека се гејши бидејќи знаеле што би предизвикала егзотичната фантазија кај странците. Бидејќи Јапонките имале многу финансиски проблеми, спиеле и со непријателот за да допрат до храна. Илјадници Јапонки спиеле со американски војници за пари. До 1949-та година се утврдило дека околу 80% од Американците во Јапонија спиеле со Јапонки, најмногу со девојки кои се нарекувале гејши.

5. Гејшата што си ја замислувате е малолетно девојче

10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се

Кога ќе помислите на гејша во глава ви се појавува девојка со кимоно, декорации на косата и бела боја на лицето. Но, гејшите ја нанесувале белата боја само во посебни прилики. Девојките кои постојано имале бела боја биле малолетни и тренирале да станат гејши. Нивните украси всушност биле симбол за неискуство. Колку поискусна била гејшата, толку поедноставно можела да се облекува. Ако станела меѓу најдобрите, целосно се ослободувала од бојата за лице.

6. Предците на гејшите се жени кои се облекувале како мажи

10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се

Пред машките гејши постоела уште една група луѓе наречена ширабјоши кои најверојатно се рана верзија на гејшите. Овде спаѓале жени кои се облекувале како мажи. Тие биле танчарки и многу наликувале на познатите гејши. Никој не е целосно сигурен зошто се облекувале како мажи, но популарна теорија е дека тоа им се допаѓало на самураите. Во тој период многу самураи имале млади машки љубовници.

7. Повеќето гејши ќелавеле

10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се

Еден начин да препознаете гејша без костимот е мал ќелав дел на врвот на нејзината глава. Додека работеле тие го прекривале делот со коса или перика, но речиси секоја гејша го имала овој проблем. Тие оќелавувале додека тренирале. Од нив се очекувало да ја носат косата врзана многу силно што по некое време предизвикувало паѓање на косата. Но овој ќелав дел всушност бил „медал за чест“ бидејќи покажувал дека гејшите поминале години тренирајќи за нивната уметност.

8. Колку е постара гејшата, толку била побарана

10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се

Не сите гејши бил млади. Всушност, тие добивале повеќе почит кога биле постари. Најпопуларните гејши имале околу 50 или 60 години. Тие верувале дека станувале поубави со стареењето и постепено го откривале нивното лице. Младите гејши носеле бела боја на посебни настани, но штом наполнувале 30 години им дозволувале целосно да се ослободат од бојата. Гејшите се пензионирале ако се венчаат, но инаку можеле да работат до кога сакаат. Најстарата гејша, Јуко Асакуса, има 94 години и работи до денес. Работела како гејша уште кога имала 16 години. Најчесто ја најмуваат политичари и многу богати бизнисмени – клиенти кои сакаат да платат повеќе за да ги забавува некој искусен.

9. Тренингот на гејшите бил толку ригорозен што денес е забранет

10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се

И денес постојат гејши, но нештата се сменети. Во минатото животот на гејшата почнувал откако била продадена од семејството на 6-годишна возраст. Денес има околу 250 гејши во Кјото, додека пред еден век имало 2.000. Модерните гејши се многу поразлични. Не почнуваат со тренинг додека не наполнат 15 години, не работат до проститутки и тренингот е многу поблаг. Некои куќи за гејши нудат тренинг од само еден ден.

10. Сè уште постојат машки гејши

10 причини зошто гејшите не се она што мислите дека се

И денес има работа за машките гејши, а нивниот број е изненадувачки голем. Во една област од Токио работат 7.000 машки гејши. Ова започнало во 1960-тите кога се отворил пазар од богати жени на кои им било здодевно додека нивните сопрузи биле на работа. Овие сопрузи често имале состаноци во куќите за гејши, па жените помислиле дека и нив им е потребно нешто такво. Денес постојат неколку клубови каде што жените можат да најмат машки гејши кои најчесто се нарекувани хосуто. Обично ги немаат талентите на гејшите од минатото, но можат да пијат со жените, да им ласкаат и да направат да се чувствуваат посебно.

 

извор: Кафепауза

  Категории: