Џастин Трудо го распушти парламентот и распиша избори во Канада

Џастин Трудо го распушти парламентот и распиша избори во Канада
12.09.19   17:32

Прочитано : 217

Print This Article

Досегашниот канадски премиер Џастин Трудо објави денеска дека го распуштил Парламентот и објавил почеток на изборната кампања за изборите што ќе се одржат на 21 . октомври.

Либералниот лидер, кој бара втор мандат, се состана со генералниот гувернер на Канада, Џули Пајет, за да ја замоли да го распушти долниот дом на парламентот, во согласност со нејзината улога како претставник на кралицата Елизабета Втора.

-Се сретнав со нејзината екселенција, генералниот гувернер, која го прифати моето барање за распуштање на парламентот, рече Трудо пред новинарите.

Според анкетите, либералниот лидер (47) ја почна кампањата со мала предност пред конзервативецот Ендру Шир. Трудо има тешка задача бидејќи неговата популарност опадна минатата година и пол по катастрофалното патување во Индија и политичкиот скандал на почетокот од оваа година.

Либералниот премиер тогаш беше обвинет од поранешниот министер за правда Џоди Вилсон-Рејболд за закана од владини службеници и дека е под притисок за корупција од страна на СНЦ-Лавалин.

Во средата, дневниот весник Глобус и Меил објавија дека федералната полиција го испитува евентуалното попречување на правдата во случајот.

Конзервативецот Ендру Шир не ја пропушти можноста да го обвини Трудо за „лажење на Канаѓаните“ и дека веќе нема „морален авторитет“ да владее.

Според неодамнешната анкета, аферата би можела да го придружува Трудо за време на 40-дневната кампања со главни теми за климатските промени, како и економијата, еден од приоритетите на Канаѓаните.

Има вкупно четворица сериозни претенденти за премиерската фотелја. Најголем фаворит е Трудо. Тој е син на поранешниот премиер Пјер Елиот Трудо и татко на три деца со сопругата Софи Грегоар, поранешна ТВ презентерка.

Негов главен противник е Шир, лидерот на Прогресивните конзервативци од 2017 година, на кого ова му е прва изборна кампања. Шир има 40 години и има пет деца. Тој беше пратеник во округот Саскачеван 15 години и во 2011 година стана најмладиот спикер на Претставничкиот дом.

Тој се спротивставува на данокот на јаглерод, воведен од владата на Трудо и сака да воведе данок на најзагадувачките производители и да ги вложи тие пари во научни истражувања во нови технологии.

Третиот кандидат е Џагмит Синг (40), лидер на Новите демократи, Сик и е прв лидер на партијата од етничко или верско малцинство, кој привлече внимание со тоа што носи турбан. Роден е во Канада и е по потекло од индиската провинција Пенџаб. Тој е посветен на толерантна, отворена, праведна и еколошка Канада.

Четвртата е Елизабет Меј, која во 2011 година стана првата зелена пратеничка во канадската историја. Таа како адвокат ја водеше големата еколошка организација Канадскиот клуб Сиера 17 години и потоа го презеде раководството на Зелената партија во 2016 година.

  Категории: