Џастин Бибер го предизвика Том Круз на „тепачка“, но доби и предлог облог

Џастин Бибер го предизвика Том Круз на „тепачка“, но доби и предлог облог
11.06.19   09:01

Прочитано : 396

Print This Article

Позната е приказната дека Круз (56) е сам свој каскадер во акционите филмови како „Невозможна мисија“, „Џек Ричер“ или „Работ на утрешнината“. Бибер (25) не верува во тоа.

– Сакам да го предизвикам Том Круз на борба во „Осумаголникот“ (арената на УФЦ). Том, ако на ја прифатиш борбата, значи се плашиш и тоа цел живот ќе те следи. Кој сака да се обложи?, напиша пејачот на Твитер.

Кусо потоа, следеше одговор од познатиот њујоршки комичар Ден Ламорте. – Ако загубиш, ќе мора да станеш сајентолог, напиша тој обраќајќи му се на Бибер.

Сајентологија е филозофско-религиозна деноминација, на која припаѓа Круз.

Организаторите на УФЦ изразија подготвеност да ја организираат борбата.

  Категории:
view more articles

Актуелно