Џафери најави седница за разрешување на Катица Јанева пред да и истече мандатот

Џафери најави седница за разрешување на Катица Јанева пред да и истече мандатот
12.09.19   12:27

Прочитано : 150

Print This Article

Талат Џафери најавува седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември. Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана.

– “Согласно законот тоа е моја обврска и кас ќе ја испочитувам” – потенцираше Џафери објаснувајќи ја целата процедура.

Вчера беше направен обид за разрешување на Катица Јанева но мнозинството ма СДСМ и ДУИ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ точката за разрешување на Јанева да се стави на дневен ред.

Според најавите пратениците на опозицијата денеска ќе достават и официјално барање за свикување на итна седница за разрешување на специјалната обвинителка која е во притвор под сомение за вмешаност во аферата Рекет.

  Категории: