Ќе има ли договор за СЈО до крајот на јули?

Ќе има ли договор за СЈО до крајот на јули?
12.07.19   17:08

Прочитано : 177

Print This Article
сјо

Премиерот Заев оптимист дека до крајот на јули власта и опозицијата ќе се договорат за Законот за јавно обвинителство на чии страници е и судбината на СЈО. Ќе најдеме компромис со ВМРО-ДПМНЕ,  овие денови работните групи се сретнаа  и верувам дека час поскоро ќе го решиме ова прашања, рече Заев.

За законот за СЈО застанати се работите. Министерката за правда денеска даде информација дека е заглавена работата на членот 105. Лидерот на опозиијата на сите средби кажува дека Катица Јанева е проблем. Во дел од работите, на работните групи има напредок, но на одредени детали на членот 105, сме заглавени. Верувам дека идната недела ќе мора нешто да помрднеме, затоа што до крајот на овој месец треба да имаме одговор – има решение или не на ова прашање. Бидејќи ако тој не е дел од извештајот на ЕУ за кој ќе се одлучува во октомври, тоа не значи дека нема никој да го искористи некој како контра аргумент во носењео на одлуката. Но, тоа за мене е секундарно, а примарно е носењето на законот за јавно обвинителство. Ние мора да го донесеме, тоа е дел од правосудството и е наша обврска пред граѓаните, рече  Заев.

Шефот на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство, Тони Менкиновски за 1 тв потврди дека наскоро на адресата на Министерството за правда ќе стигне новиот закон за Јавното обвинителство и СЈО. Не сакаше да открива детали што содржи Законот на кој работат.  Од ВМРО-ДПМНЕ пак повикуваат на трпение. Велат дека јавната обвинителка Катица Јанева не е каменот на сопнување.

Останува неизвесно дали во Верзијата на Законот за ЈО и СЈО подготвен од ВМРО-ДПМНЕ отстапува од своето најспорно барање – запирање на сите истраги  кои СЈО ги отвори по истекот  на рокот за поднесување на обвиненија, односно до 30 јуни 2017 та година. Ставот на министерката за правда Рената Десковска е веќе познат на јавноста. Таа смета  дека со ваквото барање ВМРО-ДПМНЕ предлага скриена амнестија на сегашни и поранешни партиски функионери и дека тоа нема да биде дозволено. Законот за јавното обвинителство за дел од земјите членки на ЕУ е услов за добивање датум за почеток на преговорите за членлство во ЕУ, бидејќи СЈО има значајна улога во борбата против корупцијта.

 

  Категории:
view more articles

Актуелно