Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната АСЦ награда за најдобра кинематографија

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната АСЦ награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34. доделување на АСЦ (The American Society of Cinematographers) наградите.

Најважната награда што еден кинематографер може да ја посака. Благодарам ASC, напиша Љума на својот профил на „Фејсбук“.

Наградата на кинематограферите им ја додели режисерот Тод Филипс кој во својата најава рече дека ова е „златно време на документарниот филм“.

„Медена земја“ е во номиниран во две категории за претстојните оскари – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.

Документарниот филм „Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. Филмот е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.