Јовески за „360 степени“: Местото на јавниот обвинител не му е во политичките договарања за законот

Јовески за „360 степени“: Местото на јавниот обвинител не му е во политичките договарања за законот

360 степени“ го праша обвинителот Јовески што мисли за барањето на опозицијата за негово присуство на средбите, но и што мислел со изјавата што ја цитираше Антонијо Милошоски. Обвинителот вели дека дадената изјава се однесува на предлогот за вградување на политички решенија во изборот на обвинител кој ќе раководи со едно од обвинителствата.

„Веќе се изјаснив дека ако се отвори стручна расправа и ако бидам повикан, ќе учествувам на расправата, а во политичките договарања за донесување на законот не му е местото на јавниот обвинител на Република Северна Македонија. Тогаш дадената изјава се однесува на интенцијата за вградување политички решенија во текстот на законот, особено во постапката за избор на обвинител кој ќе раководи со едно од обвинителствата. Бев член на работната група што го изработи текстот на законот, кој беше разгледан и во обвинителството и сметам дека тој обезбедува професионално и самостојно обвинителство“, вели Јовески за „360 степени“.

Повеќе на темата на следниот линк.