ЈО: Нарушена е тајноста на постапката за случајот „Рекет“

ЈО: Нарушена е тајноста на постапката за случајот „Рекет“
12.09.19   17:31

Прочитано : 789

Print This Article

Тајноста на постапката за „Рекет“ е нарушена и е сторено кривично дело со документите кои ги добил опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

Изнесувањето на материјали кои се дел од истрагата која е во тек би можело да донесе и кривична одговорност. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција велат дека не се исклучува и таква можност.

– Обвинителството со особено внимание ги следи сите информации во врска со овој предмет и доколку утврди елементи на кривично дело ќе постапи согласно своите надлежности – велат од Обвинителството.

Оттаму предупредување дека објавувањето на документи за „Рекет“ кој е во истрага е кривично дело испратија и пред дваесетина дена кога во медиумите беше објавен дел од исказот на Орце Камчев.

Од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција велат дека се направени проверки како стигнале до партиското седиште, но утврдиле дека записниците не се протечени од обвинителството.

Согласно закон повикување на „свиркач“ се однесува само за кривични дела за кои нема постапки, во случајов се работи за предмет што е длабоко навлезен во истрагата од што се подразбира дека е нарушена тајноста на постапката, а со тоа е сторено кривично дело. – велат од обвинителството.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести