Јапонска бизнис делегација ги разгледува можностите за инвестиции во земјава

Јапонска бизнис делегација ги разгледува можностите за инвестиции во земјава
10.06.19   09:37

Прочитано : 200

Print This Article
јаопнци

Јапонска бизнис делегација предводена од државниот министер за економија, трговија, индустрија Јошихиро Секи од утре до 12 јуни ќе престојува во посета на земјава.

Предвидено е делагацијата да ја посети Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони и да направи обиколка на Бунарџик 1 и 2.

Како што соопшти Владата, премиерот Зоран Заев ќе организира прием и вечера за министерот Секи и за бизнис делегацијата, а ќе се реализира и билатерална средба со владиниот економски тим: вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерката без ресор задолжена за старнски инвестиции, Зорица Апостолска.

Јапонската бизнис делегација од Анѓушев и Апостолска на работна средба ќе слушне за инвестициските можности во нашата земја и за политиките за првлекување странски директни инвестиции.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести