Јанева e во посебен оддел во притвор, има една „цимерка“

Јанева e во посебен оддел во притвор, има една „цимерка“
23.08.19   11:57

Прочитано : 1,519

Print This Article
Приведување на специјалната обвинителка Катица Јанева од нејзината куќа во скопската населба Козле.

Приведување на специјалната обвинителка Катица Јанева од нејзината куќа во скопската населба Козле.

Во посебен оддел, со уште една приведена, специјалната обвинителка Катица Јанева ги минува деновите во притвор. Јанева не е во женското одделение, таа е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа, изјави директорот на истражниот затвор Скопје Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа што в целост ќе се емитува в недела.

„Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станува збор за личност која била специјален обвинител, од посебен општествен интерес, и бидејќи тоа е така брзо направено, ние сметавме дека во еден временски период ние треба да направиме комплетна проценка од безбедносен и здравствен аспект, вели Рахиќ.

Тој додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

„Тоа се поголеми оддаи да не речам ќелии во кои има по 4, 5 до 6 жени. Знаете, малку е незгодно, има различни профили на жени, имате женски лица осудени за убиства, имате за изнуда, знаете малку е тешко да вклопите еден таков профил како Јанева меѓу тие лица. Но ние си ја вршиме нашата работа, таа е сместена на најдобар начин на кој ние можеме да сториме,“ вели Рахиќ.

повеќе

view more articles

Актуелно