Ѓорѓевиќ: Не ми се допаднаа некои одлуки на судиите

Ѓорѓевиќ: Не ми се допаднаа некои одлуки на судиите
10.09.19   17:20

Прочитано : 490

Print This Article

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Саша Ѓорѓевиќ изјави дека неговиот тим е скршен по поразот на Србија со 87-97 против Аргентина во првото четвртфинале на СП 2019 година.

Тој додаде и дека не му се допаднеле некои одлуки на судиите.

– Ние сме скршени. Момчињата се изложени на силен притисок последниве денови. Сите не правеа фаворити, но понекогаш тоа не помага. Аргентина нè држеше под контрола, направивме многу грешки во првото полувреме. Можеби не бевме ментално подготвени, можеби аргентинската одбрана нè спречи. Не ми се допаднаа некои судиски одлуки, особено оние кон Маријановиќ. Имаше многу фаули, кои не беа досудени. Направивме многу грешки, немаме право да ги правиме на вакви натпревари. Дојдовме како тим и ќе заминеме како тим, рече Ѓорѓевиќ по мечот.

  Категории:
view more articles

Актуелно