Харадинај: Ние сме подготвени за дијалог во рамки на постојните граници

Харадинај: Ние сме подготвени за дијалог во рамки на постојните граници
16.07.19   18:20

Прочитано : 107

Print This Article
Ramush_Haradinaj_367804233

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изрази подготвеност за враќање кон дијалогот со Белград, но под услов во него да се разговара само за аранжмани во рамки на постојните граници.

-Тоа што Косово го бара е најосновно. Баравме договорна рамка за заемно признавање во постојните граници. Оваа рамка од договорот треба да биде рамката за тоа што ќе го преговараме и за ништо друго, рече Харадинај на прес конференција во Приштина, пренесе РТС.

Харадинај, како што наведуваат српските медиуми, му се заблагодарил на францускиот претседател Емануел Макрон на искреноста, затоа што во текот на посетата на Белград изјави дека треба да се најде компромисно решение меѓу Белград и Приштина.

-Му благодарам на претседателот Макрон што изрази искрен однос кога рече дека Косово и Србија, исто така, се европски држави. Му благодарам на работата што ја извршува во пристапот кон овие два народа. Ова не е опис на тоа што може да биде компромис, туку е совет. Овој јазик е логичен, рече Харадинај.

  Категории: