Уапсен е лидерот на озлогласена секта, овој Турчин ги одбирал најубавите девојки и ги присилувал на оргии

Уапсен е лидерот на озлогласена секта, овој Турчин ги одбирал најубавите девојки и ги присилувал на оргии
13.07.18   23:31

Прочитано : 1,711

Print This Article

Турскиот ТВ проповедник, Аднан Октар (62), водичот на еден од најозлогласените култови во таа земја е уапсен во својата вила во Истанбул. Тој е уапсен поради обвинение за криминал, проневера, киднапирање, перење пари, искористување на верски чувства, уцени и сексуално насилство.

На снимките може да се забележи како полицијата ги носи Октар и неговите следбеници во болница на преглед пред испитување. Полицијата трагала за околу 234 негови следбеници поради истите обвиненија во неколку рации спроведени во пет градови.

Досега се упасени 166 осомничени на 120 адреси во четири покраини. Запленети се оружје и муниција, еден панцир и едно оклопно возило.

Октар е казнен во февруари поради прекинувањето на неговото шоу, каде што говорел за “исламски теолошки дискусии” опкружен со своите робинки, кои биле провокативно облечени кои имаат подлегнато на многубројни пластични операции.

Октар напишал и неколку книги во кои промовира креационизам и теорија на завера. По апсењето тој рекол: “Ова е британска заговор”.

Cultish televangelist Adnan Oktar has been arrested on dozens of charges including sexual intercourse with minors, kidnapping children and torture pic.twitter.com/Z1Lxgg2tgj

— Middle East Eye (@MiddleEastEye) July 12, 2018

Џејлан Озгур, жената која учествувала во неговите емисии изјавила дека побегнала од криминалната мрежа во 2017 година откако во неа поминала 10 години.

“Злоставување на девојчиња од 7, 10, 14 и 17 години, а некои од нив беа неколку пати силувани”, изјавила таа.

  Категории: