Рикардо: Ферари и Мерцедес веќе не се опција за мене

Рикардо: Ферари и Мерцедес веќе не се опција за мене
12.07.18   19:10

Прочитано : 91

Print This Article
loading...
loading...

Даниел Рикардо призна дека се приближува до нов договор со Ред Бул откако неговите опции за Ферари или Мерцедес веќе не се достапни. Од почетокот на својата кариера во Формула 1, Австралиецот беше дел од Ред Бул. Оваа сезона сепак тој се почувствува несигурен дали сака да продолжи со својата работа во овој тим и се уште не потпишал договор за сезоната 2019.

На почетокот на сезоната, Рикардо изгледаше како вистинска алтернатива за Кими Раиконен во Ферари. Сега, сепак, од Италијаните се очекува да го привлечат младиот талент Шарл леклер од Саубер. Гласините беа поврзани со Рикардо и Мерцедес, но немаше очекувања за промена во стартната двојка. Како резултат на тоа, Рикардо призна дека неговите шанси се ограничени и Ред Бул изгледа најдобра опција пред него.

„Не секоја врата е затворена, но изгледа се поверојатно другите топ тимови веќе да имаат сигурни пилоти за следната сезона. Немам потврда за тоа, но може да се прочита меѓу редови“, прокоментира Дани.

„Очигледно е дека ако не е Ред Бул, би отишол во некој од другите два најатрактивни тима. Ако пристапувањето мое кон нив е невозможно, тешко би бил убеден да изберам нешто друго освен Ред Бул. Во моментов се уверувам дека сум право во моите проценки“.

Запрашан дали му е потребен статус бр.1 во тимот за да потпише нов договор, Рикардо негираше и рече дека не му е потребен.

„Очигледно, Макс е добар, но генерално мислам дека од Гран при на Монако ние се бориме со оштетувања и имаме лоша среќа“, додаде Рикардо.

  Категории: