Реакција на српската опозиција поради неодржување средба со Макрон

Реакција на српската опозиција поради неодржување средба со Макрон
16.07.19   16:34

Прочитано : 268

Print This Article
Makron vo Srbija

Српската опозиција од Сојузот за Србија (СзС), како и лидерот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, денеска реагираа по вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференцијата со претседателот Александар Вучиќ во Белград, на која Макрон одговарајќи на прашањето на новинарот на париски Ле Монд за причините зошто нема средба со српската опозиција, кажа дека „писмото со барање на состанокот дошло предоцна, дури утрината на денот на посетата“.

Ѓилас денеска на својот Твитер профил објави фотографија со барањето за средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на која се гледа дека барањето било испратено на 9 јули, а не на 15 јули наутро, како што рече Макрон.

– Тие знаеја од поодамна дека јас доаѓам денеска во Белград. Јас секогаш наоѓам време за сите политички сили кои што тоа го бараат од мене и правам план за тоа, но дебатата што ја имаме е важна и јас го почитувам плурализмот и отворен сум, рече Маркон вчера на прес конференцијата, одговарајќи на прашањето на францускиот новинар..

Опозициската коалиција СзС објави денеска дека верува оти отсуството на средба со нив е последица на ненамерно дипломатско недоразбирање.

– Сојузот за Србија ја истакнува важноста на односите со Франција. Односите меѓу нашите две земји се поважни и трајни од секоја влада. Уверени сме дека нашето писмено барање за средба со францускиот претседател, предадено на 9 јули, поради технички причини, не се најде во рацете на Емануел Макрон, се наведува во соопштението на СзС.

Француските медиуми известија за ненадејниот говор на Емануел Макрон на Калемегдан, со возвиците „Да живее Франција” и желбите на францускиот претседател да воспостави добри односи на двете земји. Двајцата претседатели останале претпазливи кога станува збор за владеењето на правото и притисоците врз медиумите, прашања кои го загрижуваат Брисел.

  Категории: