Од премиерот до Ел Чека: „Ќе одговараш!“

Од премиерот до Ел Чека: „Ќе одговараш!“
17.07.19   12:58

Прочитано : 717

Print This Article

„Овој човек („Ел Чека“) не води никаква грижа за тоа што го прави и за приватноста на лицата во разговорите. Затоа треба да одговара. Дали за мене има да објави? Нека објави, и за тоа ќе одговара. Ова му е директно од премиерот: Ќе одговара!“

Ваков жесток одговор имаше премиерот Зоран Заев на новинарско прашање што мисли зошто фамозниот „Ел Чека“ на интернет објавува снимени аудио разговори само за челници на ДУИ – партијата на Али Ахмети.

„Институциите постапуваат за лиферувањето неовластено снимени разговори од надвор од државата. Се обративме до сојузиниците и бараме да постапуваат по закон. Домашните институции постапуваат, од Министерството за внатрешни ме информираат дека се тераат истраги.“ изјави Заев на прес-конференција во Владата на РСМ.

Тој продолжи дека тие материјали се снимени од 2008 до 2014 година кога, според него, се знае кој бил одговорен за тогашното снимање. Ние, вели, тогаш како опозиција добивме околу една третина од разговорите.

„И со Пржинскиот договор тоа е забрането. Таму има приватни разговори и јас сум згрозен од тоа што го слушам. За мене тоа е кривично дело. Комплетно сите материјали ги предадовме во Специјалното јавно обвинителство. Сега се објавуваат материјали кои не се во посед на СЈО.“ додаде Заев, пренесе 360 Степени.

  Категории:
view more articles

Останати вести