Обвинителство: Апсолутно е неточно дека Јанева се апсела и дека се јавувала кај дипломати

Обвинителство: Апсолутно е неточно дека Јанева се апсела и дека се јавувала кај дипломати

Апсолутно не се точни написите на еден медиум дека Основното јавно обвинителство и припадници на МВР имале налог за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во зградата на СЈО, велат за А1он извори од обвинителството.

Според неофицијални сознанија, како што е наведено во написот на еден интернет портал, наводно додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник во пржинските преговори, а се слушнала и со висок претставник на македонските власти и веднаш по ова, наводно налогот за апсење бил заборавен.

Одземениот телефон од Јанева е само за да се лоцираат нејзините телефонски контакти со Бојан Јовановски.

Од обвинителството се децидни, се работи за класична дезинформација и конструкција, истрагата, засега се води за две лица за кои се обезбедени видео и аудио-материјали, но може да се прошири и за други лица ако се обезбедат цврсти докази.

Според обвинителството истрага не се води во моментов против јавен обвинител, ниту против пратеници, но не се исклучува можноста во водењето на постапката да се докаже и инволвираност на овие лица.

Во овој, како и во сите случаи, велат од обвинителството се постапува неселективно и никој нема да биде поштеден доколку има докази.