Ел Чека до Ахмети: Ја задржа власта леејќи албанска крв, но таа крв ќе те убие Антиќу

Ел Чека до Ахмети: Ја задржа власта леејќи албанска крв, но таа крв ќе те убие Антиќу

Ел Чека кичевецот што живее во Чикаго и објавува „бомби од разговори“на Фејсбук излезез со директна закана по живот до лидерот на ДУИ Али Ахмети, испровоциран од вчерашниот говор на Ахмети. Лидерот на ДУИ вчера во говор од скопски Сарај порача дека прислушуваните разговори на Ел Чека му се од УДБА.

– Али Ахмети тврди дека прислушуваните разговори ми ги дала УДБА. Која УДБА? Бидејќи колку што знам јас, ти имаше нивен пасош. Се сеќаваш ли на аеродромот во Цирих кога ти го најдоа пасошот со име Александар Антиќ, со твоја фотографија. Ти самиот си УДБАШ, шизофрен со документ. Не ја споменувај ОНА, бидејќи ги срамиш паднатите борци. Не остана Албанец кого ти не си навредил. Ја задржа власта леејќи албанска крв. Но таа крв ќе те убие Антиќу. Се гледаме наскоро, напиша Ел Чека.

Ахмети на изборот на претседател на сарајскиот огранок зборуваше за „бомбите“ кои ги објавува Ел Чека. Тој зборуваше за селективната правда, која, според него, се случува во Македонија. Според него, македонските партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го девалвирале целиот процес, и затоа бара веднаш ветинг.