Владимир Мартиновски гостин на поетската вечер на „Струмица опен фестивал“

Владимир Мартиновски гостин на поетската вечер на „Струмица опен фестивал“
16.07.19   13:14

Прочитано : 57

Print This Article

Во рамките на годинашната програма на „Струмица опен фестивал“, синоќа, покрај езерцето во Големиот градски парк, се одржа традиционалната „Вечер на поезија“.

Гостин на вечерта беше македонскиот поет и прозаист Владимир Мартиновски. За неговите дела зборуваше поетесата Вања Изова Велева, а песни од овој автор читаа Сузана Мицева и Катерина Панов Кожаров.

Владимир Мартиновски е добитник на наградата „Витез на македонскиот пишан збор“, а зад себе има над 30 дела од поезија за деца и возрасни, проза, антологии, книжевно – теориски студии и есеистички книги.

  Категории:
view more articles

Останати вести