Ван Хојте: Катица Јанева веројатно дошла до некои луѓе кои сметале дека се недопирливи

Ван Хојте: Катица Јанева веројатно дошла до некои луѓе кои сметале дека се недопирливи
хојте

Пржинскиот преговарач Питер Ван Хојте излезе во поддршка на Катица Јанева и го поставува прашањето дали скандалот што и се случува на јавната обвинителка е поради тоа што таа можеби допрела до моќници во македонското општество.

Читам што се случува со Специјалното jавно oбвинителство во Северна Македонија. Можам само да заклучам дека владеењето на правото забрзано оди во неповрат. Што и да се случи со канцеларијата на Специјалното Јавно Обвинителство, важно е да престанат сите шпекулации и да се дозволи основното јавно обвинителство да си ја заврши работата. Доколку имало злоупотреба на моќта и овластувањата, тие што биле вмешани во тоа треба да бидат осудени. Но, престанете со шпекулациите! Кога го анализираме тоа што се случи, првото прашање што доаѓа на ум е, зошто овие работи сега одеднаш излегуваат на површината? Кој стои зад тоа? Изгледа дека Катица Јанева веројатно дошла до некои луѓе кои сметале дека се недопирливи и се над законот. Има долга листа на луѓе на кои им одговара ова да се случи, но нивното објавување нема да помогне државата да оди напред. Едно сепак е јасно, политичарите целосно ја оплескаа работата, Ван Хојте напиша на неговиот профил на Фејсбук.

Според Ван Хојте, власта и политичарите од сите партии не успеале да обезбедат судството во Македонија да профункционира независно и непристрасно, и да постои соодветна поделба на власта, поради што Ван Хојте повика на нови протести.

Ова само покажува дека ќе треба уште многу пат да се помине. Се надевам само дека денес или утре, граѓанското општество повторно ќе се разбуди и ќе бара основните демократски принципи да бидат почитувани во секое време, од сите политичари, вели Ван Хојте, дополнително барајќи да продолжат истрагите во бомбите од 2015 година, а бара и евентуално апсење на Никола Груевски.