Зоран Јовановски – Челик можен наследник на Лазе Велковски

Зоран Јовановски – Челик можен наследник на Лазе Велковски
9.08.18   20:37

Прочитано : 3,787

Print This Article
loading...

Зоран Јовановски -Челик е еден од можните наследници на Лазе Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), дознава „Фокус“ од доброупатени извори.

Додека од Владата се чека да соопштат кога ќе се расправа за разрешувањето на Велковски, по скандалот со злоупотребата на неговиот службениот автомобил, за превезување на неговата ќерка во Грција, се шпекулира дека генералот во пензија, Јовановски, е во игра за челното место на БЈБ.

Од она што успеавме да го дознаеме, Јовановски целиот работен век го поминал во безбедносните служби, а последната работна позиција, пред да отиде во пензија во 2017 година, му била началник на Единицата за известување и командување (ЕИК), пишува „Фокус“.

Јовановски, кој меѓу своите колеги е познат под надимакот Челик важи за голем професионалец, а една деценија работел и како специјалец. Учествувал и во воениот конфликт во 2001 година, при што бил ранет во Ваксинце. Токму затоа Јовановски влегол во игра, а како што велат неговите колеги, нема човек во МВР кој за него не дал високо мислење и почит.

loading...
view more articles

Останати вести