Земјотрес утрово го потресе Скопје

Земјотрес утрово го потресе Скопје
11.09.16   07:31

Прочитано : 4,761

Print This Article

Рано утрово во 6 часот и 58 минути во главниот Скопје и североисточниот дел од Македонија, во селата Арачиново, Матејче и Липково е почувствуван силен земјотрес.

Gradski_park_Skopje_08.05_(10)

Според информациите на Сеизмолошката обсерваторија на Природно математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот е 5 километри североисточно од Скопје со епицентри на 2 километри под земјината површина и интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за евентуални штети во близина на епицентарот.

Земјотресот е почувствуван и во јужните делови на Косово, каде што како во главниот град, предизвикал вознемиреност кај населението.

  Категории: