Земјотрес почувстуван и во Гевгелија

Земјотрес почувстуван и во Гевгелија

Во 17,11 часот попладнево е почуствуван земјотрес и во Гевгелија со магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала според европската опсерваторија.

zemjotres

Епицентарот на земјотресот бил на северот на Грција кај Архангелос, на 20 километри западно од Гевгелија.

Во текот на денот земјотрес имаше и во Јужна Грција, а повеќе земјотреси со помал интензитет се регистрирани и во Турција.