Заврши идентификацијата на телата на загинатите во авионската несреќа

Заврши идентификацијата на телата на загинатите во авионската несреќа
10.09.16   20:45

Прочитано : 302

Print This Article

Од 19 часот синоќа, кога во Институтот за судска медицина во Скопје пристигнале роднините на загинатите во авионската несреќа кај селото Кожле, до 5 часот утрово траела постапката на идентификација на загинатите преку ДНК-анализа, потврди Институтот за судска медицина, објави „Телма“.

avion

Со споредба на примерок од ДНК од роднините и од жртвите е утврден идентитетот на шестмината италијански државјани што настрадаа во падот на „пајперот“. Како што пренесоа медиумите, станува збор за лицата чии имиња претходно беа објавени.

Во процедура е подготовката на транспортот на телата на петте италијански државјани во нивната земја, додека косовскиот државјанин со италијански пасош, Висар Бегај, ќе биде погребан во Косово.

Истрагата за утврдување на причините за несреќата продолжува понатаму, со анализи на прибраните докази.

Авионската несреќа се случи во вторникот оваа недела, околу 17.40 часот, во близина на селото Кожле. Авионот од типот „пајпер“ летал од Тревизо за Приштина, а на скопскиот аеродром бил пријавен за дополнување гориво.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести