Заврши блокадата од поранешните вработени на „Веибо груп“ на магистралата А2 кај Крива Паланка

Заврши блокадата од поранешните вработени на „Веибо груп“ на магистралата А2 кај Крива Паланка
13.02.18   14:46

Прочитано : 258

Print This Article
loading...

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка – ГП Деве Баир. по двочасовната блокада кај месноста Грамаѓе, од страна на поранешните вработени во текстилната фабрика „Веибо груп“.

Блокадата следува по неисполнетите ветувања од страна на раководството на „Веибо груп“ за исплаќање на трите заостанати плати, придонеси и прекувремени работни часови.

Работниците неполни две седмици постојано се на улица, со организирање секојдневни блокади на магистралата А2. Тие се решени да ги бараат и остварат нивните работнички права.

Блокадата предизвика километарски колони во двата правци, а беа пропуштани само возилата на Итна медицинска помош.

Од страна на Иницијативниот одбор на „Веибо груп“ најавија дека и утре од 12 до 14 часот повторно ќе го блокираат патот на истата локација, на клучката кај влезот во Крива Паланка и, како што велат, блокадите ќе продолжат се додека не се реши нивниот проблем и се додека раководните лица, односно менаџерскиот тим на „Веибо груп“ не одговори на нивните барања.

loading...
  Категории: