Заев за Османи: Никој не е виновен додека со правосилна пресуда тоа не му се докаже

Заев за Османи: Никој не е виновен додека со правосилна пресуда тоа не му се докаже
11.10.18   14:28

Прочитано : 159

Print This Article
loading...

Очекувам да се изнајде храброст, да се надминат партиските и политичките предрасуди, спреги и да се внимава на иднината на државата, затоа што оваа шанса е неповторлива. Одлуката која ја носиме е со огромна одговорност и важност за иднината на граѓаните и верувам дека сите ние пред се и над се ќе мислиме на нашата држава, на децата и на генерациите кои доаѓаат после нас.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека тоа што му е значајно е фокусот да остане навистина пред сериозната одговорност која е исправена пред сите политички чинители, политички избраници, народни избраници, пред се и на Парламентот.

Посочи дека седницата на Комисијата за уставни прашања продолжува утре, а по нејзиното завршувањето, закажана е собраниска седница в понеделник.

– Македонија е во еден специфичен период и сето она што се случува може и вака и онака да се толкува. Знам дека системот мора паралелно да фукнционира и работи. Не сум информиран ниту ги знам деталите за истрагите. Прочитав само од медиумите дека тоа се случува, не гледам никаква поврзаност во тоа што се случува во Собранието, затоа дебатата е транспарентна, јавна, јавно ќе се носат одлуките насекаде и верувам дека секоја институција паралелно со политичките одлуки кои се носат во државата, си носат одлуки, системот функционира и работи, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали е вистина дека случаите на СЈО се толкуваат како притисок врз пратениците.

Во врска со тоа дали ќе побара оставка од вицепремиерот Бујар Османи, кој е еден од обвинетите во истрагите на СЈО, рече дека Османи имал соопштение.

– Мојот став отсекогаш бил ист и продолжува да биде ист. Никој не е виновен додека со правосилна пресуда тоа не му се докаже. Ова е само истрага. Ќе сакам да ги знам деталите, ќе го следам внимателно процесот и навремено ќе преземам мои активности ако нешто е поврзано со дигнитетот на Владата, истакна Заев.

loading...
  Категории: