Заев: Од ДУИ добивме документ со решенија за Законот за јазици, работна група го разгледува

Заев: Од ДУИ добивме документ со решенија за Законот за јазици, работна група го разгледува
17.02.17   13:23

Прочитано : 2,391

Print This Article

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека доцна синоќа од ДУИ добиле документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците. Тој додаде дека лично не го видел документот што содржи, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот.

zaev

– За нас е прифатливо се што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од било која малцинска заедница. Предлогот да е уставно издржлив и уставно издржан и да ги одразува практичните потреби на граѓаните. Со вака широко доставени рамки не знаеме кога ќе донесеме одлука. Како што реков предлогот стигна доцна синоќа и го разгледуваме – изјави Заев.

Тој рече дека за да не трпи бизнисот и економијата формирањето на влада до сега требало да се заврши и додаде дека СДСМ не сака да губи време и настојува да се најде прагматично решение бидејќи роковите се пробиваат.

Заев ова го истакна на одбележувањето на 95 години од постоењето на Стопанска комора на Македонија на која присуствуваат голем број на бизнисмени, дипломати, поранешни премиери и политичари од Западен Балкан.

Заев истакна дека ова е одлична можност да се слушне од докажани бизнисмени и експерти во која насока треба да оди политиката во државата.

извор: Мета

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: