Заев му го предаде договорот на Мицкоски

Заев му го предаде договорот на Мицкоски
13.06.18   15:33

Прочитано : 192

Print This Article
loading...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево во Владата имаше куса средба со премиерот Зоран Заев кој му го предал договорот за решение за спорот за името.

По средбата Мицкоски изјави дека тој и Заев имале куса средба затоа што, како што кажа, целокупната тема била исцрпена во текот на вчерашниот ден и тој немал што да додаде повеќе од она што го кажал на последните две прес-конференции.

Повтори дека овој договор за него и за ВМРО-ДПМНЕ е капитуалација на Република Македонија.

– Тој договор сега ни е предаден нас, на ВМРО-ДПМНЕ. Од претседателот на Владата добив информација дека во текот на утрешниот ден договорот ќе помине на владина седница и ќе биде декласифициран, така што најверојатно веќе од утрешниот ден јавноста ќе  ги знае деталите и спецификите содржани во него. Ние доправа ќе го разгледуваме договорот така што ќе коментираме во деновите што следуваат, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека договорот што веќе му е предаден денеска ќе биде анализиран во сите партиски комисии и органи оти во деновите што следат ќе повикаат консултации со МПЦ, Исламската верска заедница, МАНУ и со други општествени групи во Република Македонија.

– Некој не доведе во една ваква незавидна ситуација. Си го приватизираше и монополизираше  целокупнииот овој процес. Сега не стави пред свршен чин да коментираме капитулација, но ние на денешната прес-конференција рековме дека ќе ги искористиме сите демократски и законски средства коишто ни стојат на располагање за да му пркосиме на истиот, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицициската ВМРО-ДПНЕ денеска имал средба и со претседателот Иванов на која ги повторил ставовите и позициите на неговата партија.

– Претседателот ме информираше дека во текот на денешниот ден ќе има обраќање до јавноста, рече Мицкоски не посочувајќи детали од разговорот со шефот на државата.

Во врска  со тоа дали постои можност за промена на неговиот став за договорот меѓу Заев и Ципрас за спорот со името, Мицкоски рече дека врз основа на деталите што ги дознават деновиве и неговиот личен став и ставот на партијата стануваат уште поцврсти.  

loading...
  Категории: