За рушењето на „Беко“ – од авторот арх. Мимоза Томиќ Несторова

За рушењето на „Беко“ – од авторот арх. Мимоза Томиќ Несторова
21.05.18   21:06

Прочитано : 2,919

Print This Article
loading...

Повод не е изградба, достигнување во архитектурата, туку рушење. Имено, за оваа информација не се зборува ниту во печатот, ниту во медиумите, не се јавија со коментар ниту Сојузот на архитекти, Комора на архитекти, Архитектонски факултет, Министерство за култура, Завод за заштита на споменици, општината, туку индиректно следам тажни фотографии, реакции,  коментари од колеги и граѓани за постепеното но макотрпно рушење на објектот Стоковна куќа “Скопјанка”, (поранешно БЕКО). Не сум член на Фејсбук, а тоа стана единствениот начин за изразување став и коментар.

Заводот за заштита на споменици заштити објекти кои е прашање дали го заслужуваат тоа, а не заштити други вредни објекти или им ја симна заштита. Поготово не заштити ниеден објект од архитектурата на Модерната. Министерството за култура мора да постави стручни комисии кои сериозно треба да го сватат проблемот, одговорноста е секако и нејзина.  Архитектурата е комплексна уметност и наука. Вклучува познавања од естетиката, математиката, физиката, философијата, но секој архитект проектирајќи, вклучува голем дел од своите емоции, дел од себе си. Во последните 15 тина години се случија многу повреди на авторските права на архитектите, се скрнавеа објекти, се преоблекуваа и се рушат. Се прашував разочарано дали има смисол воопшто да реагирам.

…ставот на арх. Мимоза Томиќ Несторова во целост прочитајте го тука

 

loading...
  Категории: