Вучиќ предлага формирање слободна трговска зона и Царинска унија во Западен Балкан

Вучиќ предлага формирање слободна трговска зона и Царинска унија во Западен Балкан
17.02.17   16:18

Прочитано : 108

Print This Article

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска на австрискиот канцелар Кристијан Керн му предал „документ“ за формирање слободен трговски пазар и Царинска унија во Западен Балкан, јави Танјуг.

Станува збор за идеја која, како што објасни самиот Вучиќ, има за цел да ги „зближи нашите територии“ и да се олесни минувањето на стоките.

Српскиот премиер не прецизирал што предвидува неговата иницијатива, но истакнал дека се губат седум проценти од приходите заради чекање на камионите на границите.

Вучиќ изјави дека во врска со предлогот веќе ги направил првите консултации со босанскиот премиер Денис Звиздиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

-Тоа е моја идеја, му го врачив овој документ на Керн, а идејата е да се направи слободна трговска зона и Царинска унија, со која ќе станеме поголем и поатрактивен пазар, изјави Вучиќ.

Тој смета дека тоа е иднината на регионот. Колку сме побогати, толку ќе биде подобро за нас. Тоа е моја лична идеја и иницијатива, изјави српскиот премиер.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: