Вработените во Железница ќе го добијат вториот дел од платата за декември

Вработените во Железница ќе го добијат вториот дел од платата за декември
17.02.17   16:24

Прочитано : 118

Print This Article

Македонски Железници Транспорт АД Скопје инфромира дека денеска на вработените ќе го исплати вториот дел од платата за декември 2016, а до крајот на месецот да ја исплати платата за јануари 2017 година.

voz zeleznica pruga

– Заради огромните проблеми со кои се соочи целокупниот железнички систем во минатата 2016 година кога поради блокадите на железничката пруга кај нашиот јужен сосед, Македонски Железници Транспорт АД Скопје претрпи директна загуба од 5 милиони евра, на што доколку се додаде и вратените долгови во износ од 15 милиони евра и исплатените заостанати 4,5 плати, во почетокот на оваа година повторно се соочува со одредени финансиски предизвици, наведуваат во соопштението.

Од компанијата најавуваат и дека во текот на наредната недела во соработка со Владата на Република Македонија треба да се финализира решението за подолгорочно решавање на состојбите во железниците во Македонија.

Поради неисплатените плати синдикатите во „Македонски железници – транспорт“ најавуваа протест.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o

  Категории: