Вработени во ДЗС ја злоупотребиле службената положба и причиниле штета од 154.816 денари

Вработени во ДЗС ја злоупотребиле службената положба и причиниле штета од 154.816 денари
17.02.17   14:33

Прочитано : 1,101

Print This Article

Кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување се поднесени против тројца вработени во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија – подружници Гевгелија и Валандово.

banka-pari-480x270

Станува збор за Ѓ.И. (59) од Валандово, М.Т. (51) од Гевгелија и Ѓ.П. (45) од Валандово кои, како што соопшти полицијата, причиниле материјална штета  од вкупно 154.816 денари.

Првите двајца се товарат за 16, а третиот за 15 кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Прво и второ пријавениот во периодот од 1 декември 2014 година до 6 септември 2016 извршиле 16 инспекциски надзори во 14 правни лица на подрачјето на општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци, за што изготвиле 16 записници во кои констатирале прекршоци-недостатоци сторени од страна на одговорните лица во правните лица. Констатирале дека не се вршени мерења на громобранска инсталација и заштитно заземјување, како и дека нема на увид елаборати за извршени мерења на громобранска инсталација и заштитно заземјување. Согласно записниците, давале рокови од 30 дена, односно осум за отстранување на недостатоците.

– По изминување на дадените рокови не вршеле контролен инспекциски надзор за констатирање на состојбите и почитување на дадените рокови за отстранување на недостатоците. Со овие дејства Ѓ.И. и М.Т. му овозможиле на Ѓ.П., во својство на одговорно лице, во име и за сметка на правното лице да стекне имотна корист од 431.009 денари. По вршените инспекциски надзори од страна на прво и второпријавениот во правните лица, третопријавениот со вршење задолжените мерења на громобранската инсталација и заштитното заземјување и изготвување на задолжените елаборати, причинил вкупна материјална штета  од 154.816 денари, информира МВР.

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o