Во среда протести и во Охрид

Во среда протести и во Охрид

Во среда во 18 часот Охриѓани ќе излезат на улиците против скандаозната одлука на Иванов и за одложување на изборите.

13055453_1720945461487550_6972687681105403531_n
Во продолжение најавата за протестот:

Ние, кои протестираме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, здружени со сите слободо и правдољубни сили во општеството под знамето на заедничката борба за ослободување од корумпираните деспоти кои нѐ доведоа до работ на целосна пропаст, повторно ПОВИКУВАМЕ НА МАСОВЕН ПРОТЕСТ, во среда, 20 април 2016, кој ќе започне во 18.00 на платото кај Чинарот.

Бараме:
– Оставка на Претседателот на Републиката поради срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболицира криминалците;
– Отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и која ќе го помогне, наместо да го саботира соочувањето со правдата на политичарите и властодршците за сторените кривични и криминални дела;
– Конечно, бараме итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори.

Овие протести се на сите граѓанки и граѓани. Протестите ни припаѓаат на сите нас, обединети во лутината кон тековниот безизлез и во поривот за подобра иднина, која е поставена на демократски темели. Ги повикуваме и припадниците на полициските сили да ги спуштат штитовите и да ни се приклучат на вистинската страна на оваа борба!

СЕ ГЛЕДАМЕ НА УЛИЦИТЕ! НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!
#ОхридПротестира
#Протестирам
#СекојДенВо6

Kërkojmë:
– Dorëheqje të Presidentit të Republikës për shkak të tentativës së turpshme që të pengojë drejtësinë dhe të falë kriminelët;
– Fillimin e procesit për përzgjedhjen e qeverisë së ekspertëve, e cila do të përgatisë terrenin për zgjedhje vërtetë të lira, të besueshme dhe demokratike dhe që do të ndihmojë në vend që të sabotojë, ballafaqimin e politikanëve dhe pushtetarëve me drejtësinë për veprat e bëra penale dhe kriminele;
– Në fund, kërkojmë suspendim urgjent të procesit të filluar për shpalljen e zgjedhjeve parlamentare.

Këto protesta janë të të gjithë qytetareve dhe qytetarëve. Protestat na takojnë të gjithë neve, të bashkuar në mllefin ndaj këtij qorrsokaku të vazhdueshëm dhe në nevojën për një ardhmëri më të mirë, që ka për bazë themele demokratike. U bëjmë thirrje edhe përfaqësuesve të forcave policore që t’i lëshojnë mburojat dhe të na bashkëngjiten në anën e vërtetë të kësaj lufte!

SHIHEMI NËPËR RRUGË! NUK KA DREJTËSI, NUK KA PAQE!
#Protestoj #ÇdoDitëNë6