Во Србија уапсени директори на три фирми поради увоз и складирање на опасни материи

Во Србија уапсени директори на три фирми поради увоз и складирање на опасни материи
11.07.18   19:53

Прочитано : 157

Print This Article
loading...
uapseni

Српската полиција, во соработка со Агенцијата за безбедност и разузнавање, уапси директори на три компании, кои се осомничени дека увезувале во земјата опасни материи.

Директорите на фирмите „Метал цинкара“ од Инџија, „Беоток“ од Панчево и „Месопромет“ од Панчево, како и еден службеник во „Беоток“, се осомничени за увоз на опасни материи во Србија и нивна недозволена обработка и складирање.

Полицијата соопшти дека на 6, 7 и 10 јули оваа година тие извршиле излевање во канализациска шахта, која е поврзана со градската канализациска мрежа, на опасни отпадоци – цинкова хлороводородна киселина од цистерна, сопственост на „Беоток“ и доставена од „Метал цинкара“.

На осомничените им е одреден 48-часовен притвор, по што ќе бидат изведени пред Обвинителството во Панчево.

  Категории: