Во лето пасоши ќе се издаваат во сабота и недела и во две смени

Во лето пасоши ќе се издаваат во сабота и недела и во две смени
10.08.18   22:33

Прочитано : 259

Print This Article
loading...

Министерството за внатрешни работи ќе организира издавање на пасоши во сабота и во недела, најави заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

Според него, МВР дополнително ќе ги зголеми капацитетите, кадровски и во техничка опрема, со цел да се надминат вообичаените гужви.

– Ангажиравме вработени во две смени користејќи ги максимално капацитетите на техничката опрема која ја поседуваме! Со цел нашите услуги да бидат поефикасни, наскоро ќе биде обезбедена и ставена во функција нова техничка опрема со поголем капацитет на производство – рече Нухиу.

loading...
  Категории: