ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Заев – инвестициите пропаѓале поради политичката криза

ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Заев – инвестициите пропаѓале поради политичката криза
25.01.17   15:45

Прочитано : 250

Print This Article

Фрлени лопати, сечени ленти, но и пропаднати фабрики. Од најавените 62.701 вработување за 10 години реализирани се една третина, односно 20.245. Пресметано во евра, ако требало да влезат 3,7 милијарди, во земјата инвестирани се 580 милиони, покажуваат податоците до кои по неколку месеци истражување дојде Балканската истражувачка мрежа БИРН.

Според економскиот аналитичар Зоран Витанов оваа влада имала желба за нови инвестиции, но според него, едно се желбите, а друго се можностите. Тој додава и дека реалните пазарните инвеститори бараат амбиент во државата, бараат судот да ја гарантира сопственоста на капиталот, а во Македонија не е така, додава тој.

Тој додаде и дека претприемачите во Македонија се преплашени бидејќи континуирано се под инспекции.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак изјавија дека не го погледнале истражувањето на БИРН за реализираните и нереализираните странски инвестиции во земјата, но додаваат дека во тоа истражување требало да се земе предвид и политичката состојба, односно, кризата која ја предизвикал претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Според истражувањето во период од 10 години, најавени биле вкупно 138 странски инвестиции, во вид на фабрики, погони, хотели или други објекти, а се реализирале само 51 инвестиција, додека реализацијата на 44 инвестиции е во тек. Најголемите нереализирани инвестиции се „Веибо груп“ со 315,6 милиони евра, „Дупонт и етанол јуроп“ со 250 милиони евра, „Сахара груп“ со 200 милиони евра, „Ера сити“ со 150 милиони евра, „Газит глоб“ со 100 милиони евра, додека најголем реализирани инвестиции, се „Џонсон мети“ со 99,1 милиони евра, ТАВ со 68,18 милиони евра, „Скопје сити мол“ со 61,4 милиони евра, „Кромберг и Шуберт“ со 28,88 милиони евра и „Ван хол“ со 25,97 милиони евра.

Извор: Тв21

loading...

98548904543

17 фотографии кои докажуваат дека мачките се неодоливи кретени

на кои не можете да им се налутите

15271446_10154467469488387_2071062741_o