ВИДЕО: Жителите на Ѓорче Петров повторно протестираа на „Борис Сарафов“ каде вчера беше прегазено дете

ВИДЕО: Жителите на Ѓорче Петров повторно протестираа на „Борис Сарафов“ каде вчера беше прегазено дете
16.04.18   22:29

Прочитано : 320

Print This Article

Жителите на Ѓорче Петров продолжија и вечерва со протестот пред ОУ „Мирче Ацев“ и блокада на улицата „Борис Сарафов“ каде што вчера беше прегазено 10-годишно дете.

Семафор ќе биде поставен на критичното место, најави денеска градоначалникот Александар Наумоски. Тие ја поздравија одлуката, но  се и скептични зашто и од претходиот градоначалник добивале такво ветување кое досега не е исполнето.

Сметаат дека еден семафор нема да биде доволен и бараат да се постават лежечки полицајци, особено за безбедноста на учениците од ОУ „Мирче Ацев“ каде што има пешачки премин но често поради брзо возење пешаците не се почитуваат.

Граѓаните велат залудно апелирале да се постават семафори уште кога улицата се проширувала. Револтирани се зашто не се презело ништо и често има сообраќајни незгоди, а  две тешки се случија за само две недели.

Покрај од Општината, и од МВР бараат да преземе мерки за несовесните возачи кои на оваа, како и на главната општинска улица „Ѓорче Петров“, возат и до 160 км на час.

– Се надевам дека по решавање на сообраќајниот проблем, никогаш повеќе во мојата општина, на тоа место, нема да се повтори ваков немил настан кој, за жал, се повторува, изјави денеска градоначалникот  Наумоски  изразувајќи жалење за синоќешната сообраќајна несреќа. Тој повика на совесност кај возачите и на смирување на тензиите кај жителите на општината.

ВИДЕО: А1он

loading...
loading...
  Категории: