ВИДЕО: Здруженијата од „Бојкотирам“ ќе ги убедуваат граѓаните со „Брус Ли” стратегија

ВИДЕО: Здруженијата од „Бојкотирам“ ќе ги убедуваат граѓаните со „Брус Ли” стратегија
19.09.18   19:00

Прочитано : 841

Print This Article
loading...

Со стратегија инспирирана од Брус Ли и легендарната филозофија „Биди вода“, здруженијата од движењето „Бојкотирам“ најавија засилување на кампањата против референдумот. Порачаа дека на 30-ти септември власта ќе се соочи со армија од бојкотирачи, кои нема да дозволат промена на името.

„Биди вода! Извлечена е од мудроста на народот кој кажал едно стотина изрази за водата и од една кинеска стратегија која во 1971 година ја промовираше Брус Ли, а се вика „Пријателу биди Вода“. Ние ја презедовме и рековме, „Граѓанину биди вода“ – вели Сотир Костов

Прес-конференција ја започнаа со високо кренати транспаренти и повици за бојкот. Членовите на здруженијата Сите за унитарна Македонија и Млади за Македонија читаа и цитати од Брус Ли, комбинирани со патриотски пораки за одбрана на името.

„Биди капката вода од која се создаваат солзите радосници за нов живот, бебе, дете, кое ќе израсне во момче, кое што заедно со останатите момчиња го создава бедемот за одбрана на Македонија“ – вели Сашо Кироски – Млади за Македонија

Претставниците на Бојкотирам се осврнаа и на притворените пратеници од крвавиот четврток, кои ги нарекоа херои и бранители на татковината. Сега велат бојкотирачите ќе ја бранат Македонија, а тврдат дека имаат повеќе од еден милион поддржувачи. Прес-конференцијата ја завршија со негодувања и скандирање против Уставниот суд, кој даде зелено светло за референдум.

Извор: ТВ24

loading...
  Категории: