ВИДЕО: Заев со лопата во рака, на помош во расчистување во погодените подрачја

ВИДЕО: Заев со лопата во рака, на помош во расчистување во погодените подрачја
10.08.16   14:44

Прочитано : 2,650

Print This Article

Денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна.

Претседателот на партијата, Зоран Заев, на терен, директно ги предводи активностите за помош на граѓаните од Сингелиќ, Стајковци и Инџиково, во реоните коишто не беа покриени во изминатите денови, известуваат од СДСМ.

Заедно со тимовите од волонтери и активисти на СДСМ, Заев помага на жителите со цел што побрзо да го нормализираат својот живот.

Се расчистуваат домовите и дворовите на жителите, се испумпува насoбраната вода, се дели вода за пиење, конзевирана храна и средства за лична хигиена.

Жителите се жалат на спорите реакции на надлежните институции и забележуваат што на самите граѓани е оставено пријавувањето на штетите во општините за дури потоа да излезат надлежните Комисии, велат од СДСМ.

  Категории:
view more articles

Актуелно