(Видео) Заев: На Мицкоски му понудив да го делиме мандатот и да влезат во Владата, но не прифати

(Видео) Заев: На Мицкоски му понудив да го делиме мандатот и да влезат во Владата, но не прифати
4.08.18   13:19

Прочитано : 384

Print This Article
FNX_9248

Премиерот Заев во Отворено студио на 1ТВ откри детали кои до сега не беа објавени во јавноста за тоа што се дискутирало на лидерските средби. Ексклузивно за 1ТВ, премиерот откри дека на лидерот на опозицијата му понудил ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата и да го поделат мандатот, и заедно да работат до полноправното членство во НАТО, но Мицкоски одбил.

– Ја видовте демократската доблест на мнозинството, дадов Пржинска влада, заради тоа што опозицијата треба да се чувствува комфорно пред сите избори. Прифативме и закон за финансирање на политичките партии, и Државна изборна комисија. На последната лидерска средба понудив лепеза на можности, ако опозицијата обезбеди 300 илјади гласови „против“ на референдумот може да бираат предвремени парламентарни избори, не го прифатија и гарантираа дека нема да повикаат на бојкот. Ако имаат повеќе гласови „против“ наспроти „за“ ќе ја добијат мојата оставка, но и тоа не го прифатија за да повикаат на излезеност. Им испратив покана на ВМРО-ДПМНЕ да влезат во влада додека не станеме членка на НАТО, но и тоа го одбија. Се молчеше малку за потоа да се каже дека „тоа ние не го бараме од вас“. Се бараа измени да одговараат сите само политичарите да не одговараат, истакна Заев.

  Категории: