ВИДЕО: Власта не се откажува, Универзитетот „Мајка Тереза“ почнува со работа по секоја цена

ВИДЕО: Власта не се откажува, Универзитетот „Мајка Тереза“ почнува со работа по секоја цена
5.09.16   21:24

Прочитано : 633

Print This Article

Власта не се откажува од отворањето на новиот универзитет Мајка Тереза на кој наставата најмногу ќе се одвива на албански јазик. Утре матичните комисии почнуваат со разгледувањето на документите на кандидатите за професори. Сите проблеми, како на пример кадарот, просторните услови и буџетот ќе се решаваат во од, пренесува Телма.

mister_za_obrazovanie[1]

За министерот Љатфиу , сите отворени и се уште нерешени прашања поврзани со отворањето на универзитетот мајка Тереза се лесно надминиливи. Оптимист е дека академската година ќе почне навреме, иако како што вели тоа не мора да значи на први октомври. До тогаш матичните комисии ќе одлучат кои од пријавените 166 кандидати за професори и асистенти ги исполнуваат потребните услови. За дел од факултетите, нема доволен број заинтересиран кадар.

Во од ќе се одлучува и за тоа каде ќе бидат сместени идните студенти. Сместувачките капацитети во касарната Илинден ќе почнат да се градат во 2017-та година, а за периодот до тогаш се разгледуваат неколку идеи.

За дел од професорите целиот концепт е набрзина направен, без задоволување на основните услови. Ми личи на фонтана на желби, саркастично забележува проефесорот од Тетовскиот универзитет Вулнет Палоши.

Квотата пто владата ја предвидува за упис на новиот универзитет Мајка Тереза е 1220 студенти. Министерот Љутфиу не се согласува со тврдењата дека нема основа отворањето на уште еден универзитет . Овој како што вели ќе биде концентриран ан техничките науки. Ги отрфла како неосновани и обвинувањата едка на овој начин може да му се наштети на тетовскиот универзитет.Конкуренцијата според него есекогаш добра за квалитетот.

  Категории:
view more articles

Останати вести