(Видео) Увидот завршен, пред јавноста презентиран „опел омегата“

(Видео) Увидот завршен, пред јавноста презентиран „опел омегата“
11.09.18   18:13

Прочитано : 511

Print This Article
опел омега

По цели шест години и обновена постапка, конечно пред јавноста е направен увид на „опел омегата“, возилото коешто е клучен доказ за петкратното убиство во Смилковци. Судии од Кривичниот суд, обвинители на СЈО и адвокати утринава „опелот“ го набљудуваа во депото на Агенција за управување на одземен имот во Миладиновци. Крим – техничар од МВР ја отвори вратата од возилото, за да се констатира што има во него. Откако заврши увидот, адвокатката на оштетените семејства Дафина Ивановска изјави дека се расчистени спорни прашања и дилеми.

„Го видовме возилото. Тоа е тоа возило. „Опел“ вишна боја, темно црвена, се видоа дека се тие регистерските таблички – СК 449 – МТ. Бројот на шасијата исто се виде, се спореди, се утврди дека она што е во записникот, што е во пресудата – исто е на самата шасија на моторот. Спортното прашање коешто се однесуваше на калниците, се гледа дека има калници. Другото спорно прашање по однос на задните седишта дали има, дали има наслоначи исто така на задните седишта, се утврди дека има“, изјави правниот застапник на оштетените, адвокатката Дафина Ивановска.

Вештачењето за „опел омегата“ и неговата состојба не се исти, вели адвокатот Насер Рауфи, аргументирајќи ги претходните фотографии. За неразјаснетите прашања очекува нови сведочења од вештаците во судот за да дадат јасни одговори. За Рауфи контрадикторно е и што одреден период немало траг од „опелот“.

„Неспорно дека е тоа возило од кои и сликите се прикажани во тоа време. Меѓутоа, вештачењата кои се утврдени наводно на ова возило не се совпаѓаат на сегашниот изглед на возилото. Ќе спомнам еден детал, на пример, десниот фар се гледа, многу јасно од увидот на местото, дека не се совпаѓа со фотографијата. Тука се работи за нов фар, додека на фотографијата е стар,што е видливо и дека нешто е менувано на возилото“, изајви адвокатот Насер Рауфи. Тонско Насер Рауфи, адвокат.

На претходното рочиште во Кривичниот суд загрозениот сведок рече дека видел четири тела.

„Скопска единица“ на 30 јуни во 2014 година на обвинетите им пресуди доживотни затворски казни. За речиси три години подоцна, случајот „Монструм“ да се врати на повторно судење, откако лани во декември Врховниот суд ги укина пресудите, по барање на обвинителката, која аргументираше дека СЈО има нови докази.

На 12 април во 2012 година,на  еден од најголемите христијански празници Велигден, беа убиени четири млади момчиња и еден рибар. Обвинети се шестмина меѓу кои и Алил Демири, Африм Исмаиловиќ коишто се во бегство. Обвинетиот Агим Исмаиловиќ во мај сведочеше дека неговиот брат Африм е во Косово но не знал каде точно.